СДСМ континуирано ги лаже земјоделците и сточарите. Зоран Заев се што им вети на земјиделците пред избори ги излажа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поради неисполнетите ветувања на Заев, земјоделците од Велес излегоа на протест. Погубните политики на оваа влада го уништуваат земјоделието и сточарството во Македонија.
Сточарството и земјоделието се пред колапс . Ниските откупни цени за јагнето се грабеж врз сточарите. Сточарите се уценувани од откупувачите заради негрижата и незаинтересираноста на државата и Министерството за земјоделие. Откупните цени се катастрофални и погубни за сточарите. Сточарите мака мачат додека Министерот се луксузира по хотели со пет звезди на најефзотичните дестинации.
Оваа влада е синоним за неуспех и политики кои што негативно се одразуваат врз земјоделието низ целата држава.
Министерот Николовски на чело со Заев и СДСМ мора да поднесе одговорност за очајната состојба во македонското земјоделие.
Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат“, се вели во соопштението.