„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат чиста изборна корупција и поткуп на гласачи во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-09-02-19-12-05

СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат чиста изборна корупција и поткуп на гласачи, изјави Перчо Божиновски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

— реклама —

„На денот кога се распишаа претседателските и локалните избори се случува брутална партизација. Уште пред да почне изборниот процес истиот е деградиран. Масовното вработување во јавните претпријатија непосредно пред локалните избори го имавме минатиот месец со 70 вработувања, а сега со над 25 нови во ЈП „Проаква“ и над 15 нови во другите јавни претпријатија.

Георгиески да одговори дали заедно со директорите спроведуваат брутална партизација во јавните претпријатија?“, вели Божиновски.

— реклама —

Тој додава дека СДСМ и Георгиески пред да дојдат на власт кажуваа дека администрацијата и јавните претпријатија се преполни.

„Ветуваа дека нема да има партиски вработувања, туку еднаков пристап на секој граѓанин до секое работно место, за сега да гледаме како администрацијата и јавните претпријатија се полнат со партиски лица од СДСМ.

Кога лажеа повеќе, тогаш кога ги уверуваа охриѓани дека има превработеност или сега откако веќе една година е зголемена цената на вода за да се плаќаат новите партиски вработувања со парите на граѓаните?

Ова е уште еден доказ дека СДСМ нема намера да реализира ниту еден проект, туку само ги интересира криминал. Го повикуваме Георгиески да се одважи од партиските наредби и да застане на страна на сите граѓани на Охрид.

Што побрзо СДСМ си замине од власт толку подобро за охриѓани“, изјави Божиновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања