ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и Заев го претвориле КПУ Идризово во партиска месна организација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

После скандалозниот партиски митинг на СДСМ во затворот Идризово мора да има одговорност. Во најмала рака од морални причини за ова требаше уште вчера оставка да си поднесат министерката за правда Рената Дескоска Тренеска, под чија надлежност се затворите, директорот на Управата за извршување на санкции и директорот на затворот Идризово, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

СДСМ го претворил затворот во месна организација во која се одржуваат состаноци, се прават митинзи и се веат партиски знамиња на партијата. Затворениците се повикуваат на Заев, Шекеринска и други партиски функционери и вршат притисок врз лицата на издржување на казна во затворот да гласаат за СДСМ, што е невиден скандал.

— реклама —

КПУ Идризово се претворил во месна организација на СДСМ.

— реклама —

Повикуваме сите надлежни институции соодветно да реагираат, да биде нотирано предвремен почеток на кампања на СДСМ во институција на државата и истиов настан да биде санкциониран.

Со СДСМ добивме партизирана држава, криминал и корупција.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања