Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев по пат на уцени и закани ја погазија волјата на граѓаните и го променија името

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Македонија е завиена во црно бидејќи Зоран Заев, донесе срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата, се менуваат идентитетот, јазикот, културата и историјатам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Заев насилнички по пат на уцени, закани и пазарења ја погазија волјата на граѓаните и го променија името на Република Македонија, иако македонскиот народ јасно на референдум порача дека е против промената на името и договорот.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев без ронка срам предвреме ја преименува сопствената татковина, иако договорот се уште не е стапен на сила.

— реклама —

Заев кој се колнеше во своите предци и сопствените деца дека нема да го менува името на Република Македонија, сега прославува и се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената земја.

Ќе остане запишано дека 81 пратеник спротивно на волјата на граѓаните, противуставно, противзаконски на нелегален и на криминален начин го променија името и идентитетот на Република Македонија.Оваа влада за една намена предводена од аболицираниот Зоран Заев , две години ништо не сработи. Ја заковаа државата на дното, редат порази на секое можно поле, граѓаните стануваат се повеќе сиромашни, а криминалците од власта единствено ги шират своите сметки и бизниси.

— реклама —

Граѓаните повеќе не веруваат во лагите на Заев и СДСМ. Тие се уверија дека оваа власт дојде за една намена и за ништо друго не е способна освен да носи црнила и да ниже капитулации.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ неправдата која Заев и СДСМ и ја нанесоа на државата да биде исправена. Затоа потребно е СДСМ и Заев веднаш да си заминат.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на кои оваа криминална и црна власт ќе биде жестоко поразена. СДСМ и Заев ќе ја добијат казната за погазувањето на волјата на народот и за сите црнила кои и ги нанесоа на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања