Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев трета година ја опустошуваат македонската економија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
120190420_222336

Во време кога економијата е на дното, а граѓаните се повеќе  сиромашни, власта буџетот го троши на популистички мерки со краток ефект наместо на развојни проекти како што се капиталните инвестиции.

— реклама —

Неспособната власт на СДСМ за првите 7 месеци од 2019 година има реализирано мизерни  24,5 капитални инвестиции. Тоа кажува дека власта парите на граѓаните наместо за развој, расипнички ги троши на непродуктивни трошења и предизборна корупција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Дека СДСМ не може да ја подобри економијата говори и фактот што бројот на странски директни инвестиции никогаш не бил понизок. Во ситуација кога земјите од регионот имаат рекорден раст, Македонија со СДСМ има рекорден пад од дури 84,2% за периодот јануари – јуни во однос на ланската година.

— реклама —

Во првите два квартала на 2019 година имаме 48,7 милиони евра странски директни инвестиции, додека пак Србија има 1,7 милијарди евра,  Словенија 561 милион,  а Бугарија 286 милиони евра. По глава на жител Србија има 543 евра СДИ, Словенија 280  евра,  Бугарија околу 40 евра, а Република Македонија  на дното со само 24 евра по глава на жител. Тоа значи во привлекувањето на инвестиции дека Бугарија е два пати подобра од Македонија, Словенија околу 11 пати, додека пак Србија е 22 пати подобра од Македонија во странски директни инвестиции.

— реклама —

Заради погрешните економски политики на власта пад бележи и бројот на работници во индустријата кој за една година е паднат за 2,5% односно на секои 100.000 работници, сега имаме 2.500 помалку, а лош резултат бележи и градежништвото каде реализацијата е ниски 24,5%.

Додека економијата тоне и  500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, единствено со оваа власт што растат се корупцијата и јавниот долг кој надмина 5 милијарди со што веќе е надмината психолошката граница од 50% од БДП.

— реклама —

Наместо економска година како што ветуваа, со СДСМ и Заев веќе трета година добиваме економско фијаско и се повеќе граѓани и бизниси доведени до питачки стап. Токму затоа што поскоро неопходни се предвремени парламентарни избори за да оваа криминална власт си замине и  Република Македонија конечно  да може да напредува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања