Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ја оттуѓи државата од граѓаните и предизвика големи штети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

СДСМ две години ја пустоши државата. Економија која тоне, сиромашни граѓани кои едвај чекаат да се иселат од државата и нефункционална правна држава е сликата за Република Македонија по две години власт на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Власта на СДСМ ќе биде одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев.

Современата инквизиција која ја спроведе Заев е срам за државата. Овој прогон стави во затвор и изложи на шиканирање невини луѓе, кои без никакви докази се оставени да скапуваат по затворите.

— реклама —

Република Македонија не смее повеќе да толерира компромиси со правдата, правда мора да има. Законот мора да се почитува. Политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем.

— реклама —

Нефункционалното правосудство предизвикува и негатива врз економијата, која две години тоне 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај.

Работа се добива само доколку имаш роднинска врска со функционер на власт, а бизнис или тендер земаат само фирмите на Заеви и Анѓушев.

— реклама —

СДСМ ја оттуѓи државата од граѓаните и предизвика големи штети, како врз  државата, така и врз граѓаните и нивните животи, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања