Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја уназади економијата додека граѓаните уште ја чекаат платата од 500 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro_dpmne

Стравот на Заев од соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори е уште еден показател дека негова единствена цел е да продолжи да функционира криминалниот картел кој ги осиромашува и краде граѓаните на Македонија. Аболицираниот Заев единствено го интересираат криминалните тендери и грантови кои станаа главна валута за исплата на партиските послушници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДСМ ја уназади економијата додека граѓаните уште ја чекаат платата од 500 евра. Институциите се урнисани, судството партизирано, здравството во хаос, образованието нереформирано, стопанството дише на помошни апарати додека компаниите и фамилиите блиски до Зоран Заев и Анѓушев живеат подобро од било кога.

— реклама —

ММФ излезе со поразителни податоци дека за прв пат во македонската историја јавниот долг ја помина опасната граница од 50 проценти. Власта упорно ги задолжува граѓаните, а ништо не се гради.

— реклама —

Наместо да го оствари ветувањето за едно општество за сите, Заев го подели македонското општество како никогаш досега. Неуставното носење на законот за јазици додатно ја парализира државата и ќе ја чини Македонија огромни суми на пари.

Договорот со Грција за промена на името е уште еден пораз кој Зоран Заев им го сервира на граѓаните на Република Македонија. Оваа неспособна Влада мора да си замине. Граѓаните на Македонија заслужуваат подобро, заслужуваат просперитетна иднина и висок стандард. На црнилата мора да им се стави крај. Затоа Зоран Заев мора да собере храбост и да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања