Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ја урива економијата, нема викенд без ДДВ, но има поткуп со картички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

СДСМ ги доведе граѓаните до просјачки стап. СДСМ и нивната неспособна влада предводена од Зоран Заев над 40.000 граѓани остави на улица. Зоран Заев и неговата влада доведоа над 500.000 луѓе да живеат на работ на егзистенција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Владата безмилосно и душмански ги задолжува граѓаните и наместо парите да одат за помош на невработените и бизнисот тие се наменети за картички кои се дел од заложбата на Заев за купи ден помини политика.

Нема ништо од најавената мерка на владата за викенд без ДДВ, а впрочем нема ни помош за стопанството. Еден месец по платежната картичка народот пак ќе биде гладен, а 100.000 ќе живеат со 50 денари на ден.

— реклама —

Еднократната помош и задолжувањето не се решение, затоа што власта не генерира раст на економијата.

— реклама —

Денес поради СДСМ имаме историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза. Иако се потрошија 1 милијарда евра раст нема, нема ниту ефект за амортизација, напротив тоне државата.

И додека се оди во надолен тренд сметките за струја растат.

— реклама —

Додека народот осиромашува, мафијата на власт се богати, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања