Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ нема направено ништо за студентските домови – тие се руина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Студентските домови во Република Македонија се наликуваат на руина. Сликите кои ги објавија медиумите, од кои се гледаат уништени тоалети се доказ дека власта две години нема направено ништо.  Заев и Каевски ветуваа студентски град, со модерни услови за престој, но две години после тоа нема ништо од најавеното. Студентските домови се во катастрофална состојба, а храната е слаба, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

СДСМ нема направено ништо за студентските домови. Две години власта потроши 7 милијарди евра буџет, а притоа не направи ништо за студентите. Каде отидоа 7 милијарди евра пари на граѓаните?

Наместо да се купуваат фотељи од телешка кожа и пенкала со циркони власта може да инвестира во нови студентски домови. Наместо да се вработуваат синови и ќерки на функционери, власта може да купи подобра храна за студентските мензи.

— реклама —

Ниското ниво на реализација на капитални инвестиции на власта се должи и на безидејноста. Инвестициите во студентските домови запреа со заминувањето на ВМРО- ДПМНЕ од власт.

— реклама —

Две години студентите мака мачат да преживеат во домовите во Скопје, но и другите градови низ државата.

Негрижата мора да запре. Младите очекуваат промени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања