Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ откако ја продаде македонската историја, култура и традиција, сега го уништува и непроценливото културно наследство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

СДСМ откако ја продаде македонската историја, култура и традиција, сега го уништува и остава да пропадне непроценливото културно наследство на Република Македонија.

Музејот на Македонија, кој треба да е симбол на историскиот и културниот идентитет на државата е пред распаѓање и се наоѓа во катастрофално лоша состојба, со срушени тавани, мувлосани простории и загрозени артефакти, истакна Владимир Атанасов од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ иако ветуваше поправање на сите штети, санирање и реновирање, но и сите објекти кои се од важно културно и историско значење, сега гледаме дека имаме само низа од празни ветувања. Власта цели три години со прст нема мрднато ниту за заштитата на културното наследство на државата, а уште помалку за Музејот на Македонија.

— реклама —

СДСМ ветуваа санација на Галеријата на икони, а сега гледаме дека изложбениот простор кој наликува на магацински простор е затворен, наместо да е реновирана просторија каде ќе бидат изложени предметите кои се прогласени за културно наследство од особено значење.

Иконите наместо да бидат заштитени и изложени за да може да ги видат посетителите, тие се оставени без никаква заштита да скапуваат.

— реклама —

Слична е состојбата и во етнолошката поставка каде наместо да биде изложено најголемото богатство на Република Македонија таа стои празна и руинирана. Вода тече од сите страни, додека пак изложбените витрини се уништени и мувлосани.

Воедно, иако беше ветено се уште не е саниран кровот и нема никаква заштита од прокиснување и поплави, па затоа при најмал дожд депоата на музејот се поплавуваат и со тоа постои опасност од огромна штета на предметите кои се од непроценлива важност за историјата, културата и традицијата на Република Македонија.

Дополнително нема основни услови за работа ниту за вработените во Музејот, и тие наместо во соодветни простории, работат во распаднати простории.

— реклама —

СДСМ единствено што направи во музејот е тоа што се погрижи да вработи најмалку 15 партиски војници кои наместо за потребите на музејот се вработени за партиски потреби.

Културното наследство е темелна вредност на Република Македонија, но не и за СДСМ. Заради негрижата на СДСМ културното наследство на Македонија оди во заборав.

— реклама —

За ваквата негрижа и запоставување на културното наследство одговорност мора да има и ќе има. СДСМ очигледно се незаинтересирани и неспособни па затоа време е за избори по кои ќе почне Обнова на Македонија, истакна Владимир Атанасов од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања