Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно шири паника, лани за пожарите, годинава за загаденоста на водата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
vmro-dpmne-bela-zgrada

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС дека шири паника и дезинформации во јавноста, тврдејќи дека опозициската партија пласира стар извештај за квалитетот на водата во Велес како да е актуелен.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека извештајот на кој се повикува СДС е од февруари 2025 година и се однесува на селото Сливник во Општина Велес, кое, според нив, не е поврзано со градскиот водовод.

— реклама —

„Наместо факти, СДС свесно шири застарени информации за да предизвика вознемиреност кај јавноста“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Во соопштението се тврди дека СДС и минатата година ширела паника во врска со пожарите, а годинава, според ВМРО-ДПМНЕ, се обидува да создаде страв кај граѓаните преку темата за загаденоста на водата.

— реклама —

Од владејачката партија оценуваат дека ширењето, како што наведуваат, на паника и дезинформации е неодговорно однесување и обвинуваат дека СДС ја злоупотребува темата за здравјето на граѓаните за дневнополитички цели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања