Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се срами од името Република Македонија – на концертот во Македонската Филхармонија, отсуствуваа државните симболи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

СДСМ уште еднаш потврди дека се срами од името Република Македонија и се што е македонски. На настанот во Македонската Филхармонија, каде концерт имаа оркестрите на армиите на САД, Велика Британија, Словенија, Грција и Македонија, повторно отсуствуваа државните симболи. На македонските парадни униформи го немаше државното име Македонија, се вели во соопштението до СДСМ.

— реклама —

Воените оркестри на другите држави кои настапуваа заедно со македонскиот, гордо го носеа името на своите држави на своите униформи, само македонскиот воен оркестар не.

Ова е уште еден голем срам за македонската држава и народ, уште едно понижување сервирано од Заев и неговата опачина Пендаровски, од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и СДСМ.

— реклама —

Власта веќе втор ден молчи кога и дали воопшто е сменета Уредбата за единствен знак за припадност на Армијата на Република Македонија? Доколку не е сменета, ќе дојде ден кога ќе одговараат за нејзиното кршење вчера.

Власта на Заев не бира кој закон ќе го прекрши, со единствена цел на граѓаните и на државата да и сервира уште едно посрамотување и понижување.

СДСМ ја обесчести Армијата на Република Македонија. Република Македонија не можат да ја водат луѓе како Стево Пендаровски и Зоран Заев кои се двете страни на истата паричка. На чело на Македонија не можат да застанат луѓе кои се срамат и не почитуваат се што е македонско, нашето име, јазик, идентитет, култура, историја и државни симболи. На Македонија и е потребна претседателка како Гордана Сиљановска Давкова, честита, горда и достоинствена, мајка на нацијата. На Македонија не и е потребен очув како Стево Пендаровски, , се вели во соопштението до СДСМ.

.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања