Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се што вети пред да дојде на власт погази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

Единствената реформа на Владата на Заев  се зголемените даноци коишто ги воведе од 1-ви Јануари 2019 година, па поради тоа голем дел од  претприемачите, стопанствениците својот бизнис го селат во околните држави. Ветуваа зголемени пензии, достоинствен пензионерски живот, а денес пензионерите имаа покачена пензија од нецели 36 денари, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Ветуваа 500 километри автопат, а им требаа речиси три години готовиот автопат којшто го имаа од Миладиновци до Штип да го пуштат во употреба. Од експресниот автопат  од Росоман до Прилеп ни трага ни глас.

Инвеститорите си бегаат од Република Македонија, а пример за тоа е изведувачот од шпанската компанија „Рубау“. Тие се спакуваа, ја напуштија и ја тужат Македонија за десетици милиони евра оштета.

Ветуваа правда и мир, а нарачките им ги извршуваат обвинители, судии коишто се длабоко со рацете во криминал фатени. Русковска обвинителство го заврши случајот „Рекет“ со само тројца осомничени коишто го направиле сето ова, го осмислиле и прибрале милиони евра. Русковска обвинителство ги заштити функционерите од власта со прикривање на докази.

— реклама —

Целокупните политики на криминогената влада се само како да направат за нив и за блиските до нив да им биде добро.

— реклама —

Потребна е генерација која што не ветува чуда, генерација која што сака да биде слуга на народот и која што заедно со граѓаните може да покаже дека Македонија можела поинаку и дека Македонија има капацитет за поинаку од ова темнило кое што денеска е секојдневие.

Време е да се врати достоинството на Македонија. Потребна е обнова на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања