Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ шири говор на омраза во паника од предизборен пораз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Бранко Тричковски, ударното перо на СДСМ, само го пишува тоа што Зоран Заев го мисли и му го диктира.  Бранко Тричковски се чувствува слободен да шири омраза, да навредува и омаловажува само заради тоа што знае дека Заев и неговите обвинители го штитат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува антисемитските напади од СДСМ врз првата министерка во Република Македонија со еврејско потекло, Рашела Мизрахи.

— реклама —

СДСМ и Заев се во голема паника зoшто знаат дека доаѓа нивниот крај. Затоа сега се закануваат, заплашуваат и шират говор на омраза. На јавноста и е јасно дека СДСМ и Заев стојат зад говорот на омраза на новинарите и медиумите кои  тие ги финансираат.

Република Македонија е држава градена врз антифашистички вредности, а Заев и СДСМ ја претворија во систем кој поддржува антисемитизам и говор на омраза.

— реклама —

СДСМ ги поддржува и штити оние кои сеат омраза врз неистомилениците.

— реклама —

Не е прв пат Тричковски да шири говор на омраза, а Јавното обвинителство и Љубомир Јовевски да молчат и не преземаат ништо.

Ова не смее да остане неказнето. Овие политики на СДСМ ја водат државата во амбис.

— реклама —

За ова мора да има одговорност. По 12-ти април ќе се стави крај на штетните политики на СДСМ и ќе следи обнова на Македонија. Заев и СДСМ никогаш повеќе,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања