Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ застана во одбрана на криминалот на Катица Јанева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
katitsa-janeva

Пратениците под контрола на Зоран Заев одбија да дискутираат за нејзино разрешување иако таа скоро цел месец е во притвор. Тоа е јасен доказ дека Јанева е под команда на Зоран Заев. Станува се поочигледна нивната поврзаност во изнудата на пари и политичките притисоци преку злоупотреба на законот и овластувањата на СЈО,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Јасно е како бел ден дека Катица Јанева беше и остана неговата црвена линија. Заев и СДСМ се во коалиција со криминалот. Заев и СДСМ го штитат и промовираат криминалот. Заев и СДСМ сакаат да обезбедат амнестија на криминалот. Заев се плаши затоа што знае дека тој е лицето кое се крие зад целиот криминален систем.

— реклама —

Самиот факт што на Катица Јанева и беше оставено простор да делува на слобода додека Боки 13 и Зоки Кичеец беа во притвор говори многу за намерите на власта. Катица Јанева е бела мечка за Зоран Заев и таа не можела да прави рекет во период од цела година без знаење на врвот на власта. Премногу е очигледно од каде стигнувале командите кон Јанева.

— реклама —

Зошто се молчело и институциите не реагирале може да покаже само независна и професионална истрага.

— реклама —

Со Зоран Заев на власт ефективна правна разрешница не е можна, затоа што тој е заштитник на криминалот и промотор на рекетот.

Потребна е истрага, а не пародија во која што притворената ќе му издава наредби на тој што ја притворил. Потребно е независно обвинителство растоварено од притисоци и влијанија. Дополнително потребни се предвремени парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања