Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов да се откаже од набавка на нови коли, а владата од милионскиот бизнис со цвеќиња, за да се пошумат опожарените места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pozar-2

Иако календарски сеуште сме лето, Петре Шилегов буквално две години не е излезен од зимскиот сон и нема решено ниту еден крупен проблем. Градот Скопје 2 години се соочува со елементарна непогода која се вика Петре Шилегов.  2 години Шилегов, 2 години неработа, криминали, и назадување, се вели во соопштението од Советничка група на Град Скопје.

— реклама —

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта да го прифати предлогот наместо пари за нови службени возила во градот Скопје, и наместо владата да троши над 700 илјади евра на цвеќиња и екибани, средствата да се пренаменат на пошумување на опожарените предели на Скопска Црна Гора.

— реклама —

За жал вчера неработникот Шилегов не се откажа од комодитетот на нови службени возила, а Заев од милионските цвеќиња и екибани. Пожарникарите и понатаму остануваат без адекватна опрема, жителите од потенцијалните жаришта под ризик, а Скопјани ќе продолжат да дишат нечист воздух.

Неработникот Петре Шилегов со приземниот речник и невкусните настапи наместо дворски шут, треба конечно да почне да биде градоначалник на сите Скопјани. Да се вразуми и да делува наместо за личниот интерес, за интересот на сите Скопјани.

— реклама —

Апелираме Шилегов да се откаже од комодитетите платени со државни пари а владата од милионскиот бизнис со цвеќиња и под итно да се донесе одлука за пошумување на опожарените места во околината на Скопје.

— реклама —

Наместо неработникот Шилегов и владата да се молат да заврне дожд за да се справат со пожарите, нека ги засукаат ракавите и нека ги решат проблемите, се вели во соопштението од Советничка група на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања