Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов докажа дека е ноторен лажго, самиот вети и излажа: Зиплјан, спуштена сообраќајница Мавровка, и езеро Треска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Sednica-na-Sovet-2

Вчера видовме бледо издание на градоначалникот Петре Шилегов, со други зборови на дело се виде како изгледа човек кој е класичен ноторен лажго. Пред изборите самиот Петре Шилегов ветуваше возообновување на езерото Треска и враќање на стариот сјај. Тоа беа негови зборови, а ВМРО-ДПМНЕ не го тепаше по уста самиот да се фали и ветува нешто за што денес гледаме дека излажа и се пере од одговорност велејќи дека не бил надлежен. Ако не бил надлежен тогаш зошто лажно ветуваше, прашуваат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на соопштението додаваат:

Втората работа за која во вчерашното интервју Шилегов се обелодени дека излажа е подземната сообраќајница кај Мавровка. Иако пред изборите јавно ја ветуваше сега кажа дека немал да ја гради поради смешен изговор дека сметал плоштадот Скендербег. Овој плоштад е изграден уште пред Шилегов да стане градоначалник. Или Шилегов кога ветуваше подземна сообраќајница кај Мавровка ветувал од ракав, без стручна анализа и консултации или сега наоѓа изговори за да не го реализира овој капитален проект.

— реклама —

Третата работа за која излажа е зиплајнот. Тој кажа дека нема да се гради од Калето до Градскиот парк затоа што бил опасен по здравјето на граѓаните. Ова требаше Шилегов да го знае кога го ветуваше овој проект.

Сосема на крај кога ќе ги тргнеме капиталните проекти чија реализација е нула, Шилегов нема капитален проект, освен фотошоп клупите на кој се појави Сандерс.

Што се однесува до договорот за лед осветлување со Телеком тоа е златната кокошка на Шилегов од која допрва јавноста ќе чуе за какви криминалци станува збор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања