ВМРО ДПМНЕ: Шилегов е џелатот на Скопје, со еден потпис реши да ја урне Универзална сала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
univerzalna-sala

Петре Шилегов со еден потпис одлучи да ја урне Универзална сала. Најнеспособниот градоначалник на Скопје ќе ја урива салата која буди спомени на илјадници скопјани. На само неколку дена по годишнината од скопскиот земјотрес, Шилегов приреди нов земјотрес, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Шилегов и СДСМ, кои три години ги лажат скопјани дека ќе го враќале духот на вистинското Скопје, вчера одлучија да се сруши Универзална сала, а за тоа ниту ги прашаа граѓаните, ниту стручната јавност, туку сами на своја рака ставија крај на една сала од која произлегле голем број на таленти.

Симболот на Скопје, салата во која се организирани голем број на приредби, концерти и настани со кои пораснаа десетици генерации оди во историјата со одлука на Петре Шилегов и СДСМ, тоа е спротивно на сите нивни ветувања во предизборните програми дека ќе ја реновираат салата и дека ќе ја подобрат нејзината функционалност.

— реклама —

Петре Шилегов станува џелатот на Скопје, не само што не гради ништо ново, туку го руши и она кое некој друг го направил и го оставил на генерациите по него.

Со уривањето на Универзална Шилегов го урива и еден од симболите на солидарноста, од која се изгради постземјотресно Скопје.

Петре Шилегов и СДСМ само уништуваат и создаваат хаос, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања