„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов се фали дека работи, во град кој тоне во смет, а загаденоста има последици по здравјето на граѓаните, скопјани ќе ги дишат лампионите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Slika-3

Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, работа која Градот Скопје треба да ја врши редовно, затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот. А Шилегов се фали дека е спремен за снег, во ситуација кога има најмалку четири општини во Градот Скопје во моментов во кои загаденоста е на највисоко ниво, се вели во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на изјавата на Петре Шилегов.

— реклама —

Лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз кој најголем дел од граѓаните на Скопје не можат да си го дозволат, па се принудени да се гушат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици по животот од нечистиот воздух, за што Шилегов нема мрднато со прст.

Шилегов потроши три години на сликање и терање пропаганда, а не реализираше ниту еден од проектите кои ги вети на скопјани. Урбанистичкото насилие продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, има се повеќе сообраќајни гужви, а ветувањата како „Град без смог“ остана во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања