Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов се посипува со пепел и го раскинува договорот со германската компанија Шолц која градот сам ја одбра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
drisla

Петре Шилегов се посипува со пепел и го раскинува договорот со германската компанија Шолц која градот сам ја одбра да раководи со депонијата Дрисла.

— реклама —

Скопјани не знаат кога да му веруваат на неработникот Шилегов, кога ја убедуваше јавноста дека Шолц се вистинскиот избор за стопанисување со Дрисла или сега кога го раскинува договорот со нив. Се работи за дистанца од само еден месец каде градот има дијаметрално спротивни ставови, и затоа  неработникот Петре Шилегов треба да одговори дали зад ваквото раскинување стои неуспех за договарање на некаква провизија, познавајќи каков криминален октопод управува со државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Петре Шилегов пред еден месец не ги слушаше апелите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека потребно е враќање на Дрисла на градот Скопје, и распишување на нов избор за концесионер, тогаш арогантно тој одбиваше да ги прифати таквите позиции. Сега ќе понесе ли одговорност неработникот Шилегов за тоа што Дрисла продолжува без решение и е загубено драгоцено време. Шилегов не е способен да истера ниту една одлука ниту еден проект кој е од корист за граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања