Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВМРО ДПМНЕ: Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-тина партии кои застанаа со СДСМ и Пендаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

vmro_dpmne

Вчеравечер Македонија победи. Граѓаните сплотени без страв кажаа дека сакаат право и правдина. Гордана Сиљановска Давкова ја доби мнозинската поддршка од граѓаните. Народот вчера ги победи сите остатоци од транзицијата. Антидржавните политики и криминалот вчера беа поразени. Од денеска Македонија има нова реалност. Власта е во слободен пад. Никој повеќе не се плаши, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-тина партии кои застанаа со СДСМ и Стево Пендаровски.

Македонија победи. Стравот е поразен. За целосна победа и делегитимирање на оваа власт е потребна победа во вториот круг.

— реклама —

Народот ја порази хотел коалицијата. Народот ги порази елитистите од власта.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се обединиме во вториот круг и да го нанесеме финалниот удар за пад на власта.

Македонија заслужува претседател кој ќе ги почитува уставот и законите. Македонија заслужува подобро. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор, за право и правда. За подобра иднина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања