Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ВМРО ДПМНЕ: Сите гледаа дека Спасовски беше во постојано друштво и соработуваше со Боки 13, додека тој вршеше милионски Рекет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Оливер Спасовски гледал како Боки 13 се расфрла со милиони евра, знаел дека тие пари се нелегални и ништо не преземал за да го истражи криминалот, со што помогнал во избегнување на правдата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сите гледаа дека Спасовски беше во постојано друштво и соработуваше со Боки 13, додека тој вршеше милионски Рекет низ државата. На вчерашното рочиште се потврди тоа.

Иако во постојано комуникација со Боки 13, Русковска не го повика на распит и чекаше јавноста да дознае за неговиот однос со Боки 13 од сведочење на жртва во случајот.

— реклама —

Спасовски не може да ја манипулира јавноста. Не можел тој како прв човек на МВР да не знае за криминалот на Боки13.

Не можел, а да не го забележи луксузот, а да не се запраша колкава му е платата, дали некаде е вработен и колку плаќа даноци!?

— реклама —

Спасовски знаел за криминалот бидејќи за криминалот имале оперативни информации службите  со кои раководел, многу повеќе и многу порано од секој обичен граѓанин.

— реклама —

Оливер Спасовски со намера се зближил со Боки 13 кој во тој период вршел милионски рекет и свесно ја промовирал нивната блискост за да се стекне впечаток дека тој ја има медиумската поддршка на Боки 13, а Боки 13 ја има полициската поддршка на Спасовски.

Оливер Спасовски нема кредибилитет да биде министер повеќе. Оливер Спасовски треба да одговара за неговата улога во рекет. Сите злоупотреби ќе се истражат и откријат, а одговорност ќе има после 12 април откако ликови како Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе бидат поразени и нивниот „рекет” систем ќе замине во историјата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања