Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Скандал до скандал - одговорност нема, СДСМ мора да си замине

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Министерката за труд и социјала призна милионски скандал со фондот за Пиом, одговорност немаше од никого. Десетици млади и стари починаа во епидемиите на грип и сипаници, додека министерот си делеше крвави тендери, одговорност немаше. Гореа документи во министерството за правда, се напаѓаа притворени лица, одговорност немаше, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Криминално се делеа субвенции преку Фондот за иновации тешки милиони евра, одговорност немаше.  Се вработуваа синови, ќерки, љубовници, мајки, браќа и сестри по огласи кои беа распишани само за нив, одговорност немаше. Пратеници кои одлучуваат за суштински прашања нарачуваат наркотици по телефон, одговорност нема.

— реклама —

Долгот расне, граѓаните се повеќе осиромашуваат, одговорност нема од министерот за финансии. Македонија тоне на листата за корупција, а Заев и Анѓушев си делат тендери и нормално одговорност нема. Сето ова неодговорно и криминално владеење го гледаат меѓународните претставници и сосема очекувано, како што нема одговорност ќе нема ниту датум за преговори во јуни.

— реклама —

Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власт и е поважен криминалот, отколку проектите. Две години граѓаните не видоа ништо од најавените 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Администрацијата се партизира, а судството политизира. Реформи нема. Без реформи, без проекти и инвестиции државата не може да тргне напред. СДСМ мора да си замине, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања