Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Скопје се дави во смет и депонии, а Шилегов нема решение и печали на грбот на скопјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Cistenje-divi-deponii-Kisela-Voda-02.05-3

Скопје се дави во смет и депонии, а Шилегов нема решение и печали на грбот на скопјани. Скопје продолжува да биде најзагаден град во Светот, без градска депонија кока ќе ги исполнува европските и светски стандарди, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Откако два дена Шилегов се фалеше со прескапо платената опрема за собирање смет, никаде го нема да одговори зошто го оштети буџетот на Скопје за 16 милиони денари пари кои можеше да ги заштеди и инвестира за доброто на скопјани.

Вредноста  на набавката е 1.5 милиони евра или околу 90 милиони денари од буџетот на Градот Скопје. На истата набавка мора да се плати ДДВ во вредност од 18% или околу 16 милиони денари.

— реклама —

Ако парите преку Советот на Град Скопје се префрлеа на Јавното Комунално Претпријатие и тоа со сопствени средства ја набавеше опремата за набавка на сметот, ќе се заштедеа парите од ДДВ бидејќи тоа е основна дејност на претпријатието. Со заштедените средства ќе можеше да се инвестира во нова опрема. Од друга страна на депонијата Дрисла се гледа како на мегдан за правење на бизнис интереси на луѓето од власта и оние блиски до Зоран Заев. Додека Шилегов не мрда со малиот прср Скопјани се гушат во сметот и депониите за кои Шилегов нема решение.

2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања