Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод почеток на светиот месец Рамазан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ramazan-post

Честитка по повод почеток на светиот месец Рамазан

До: Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглавар на Исламската верска заедница

ВМРО-ДПМНЕ на сите членови на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед на Република Македонија, им посакува лесен и благословен пост, а деновите на овој свет месец Рамазан заедно со семејствата да го поминат во мир и спокој.

— реклама —

Овој празник нека биде поттик за граѓаните да продолжат да ги почитуваат и негуваат универзалните вредности, меѓусебно да си помагаат се со цел преку взаемно почитување, добрина, толеранција, солидарност и хуманост да се придонесе за подобра иднина на сите граѓани.

— реклама —

Со работа и труд на сите граѓани заедно сплотени ќе се успее да се излезе од оваа исклучително тешка состојба во која се наоѓа нашата држава и нашите сограѓани.

Обезбедување на подобра иднина, зголемување на животниот стандард на граѓаните и решавање на нивните проблеми е основна цел на ВМРО-ДПМНЕ за која се стреми и на која одговорно и посветено работи.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ посакува духовна исполнетост, среќа, радост и во добро здравје да Ви минат рамазанските пости.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања