Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДС, Мицкоски со тројна пред Ковачевски, ако СДС се сомнева ајде на избори народот ќе им ја даде најточната анкета, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_0070

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДС, Мицкоски со тројна пред Ковачевски, ако СДС се сомнева ајде на избори народот ќе им ја даде најточната анкета, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„На сите мерења на јавното мислење СДС катастрофално губи од ВМРО-ДПМНЕ. Истото го покажува и последната анкета направена од ИПИС, на која ВМРО-ДПМНЕ со 20% доверба кај граѓаните е во скоро двојно водство пред СДС со 12.9% доверба.

Рејтингот кој го ужива ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните е поголем од заедничкиот рејтинг на СДС и ДУИ. Имено со 20% доверба, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од збирот на рејтинзите на СДС и ДУИ, кој е 12.9% и 6.5%.

— реклама —

Со 13.5% доверба кај граѓаните, претседателот Христијан Мицкоски е убедливо лидер со најголема поддршка кај народот, двојно повеќе од Ахмети со 6.6% и скоро тројно пред Ковачевски со 5%.

— реклама —

Неправдите, криминалот, поразите и понижувањата кои ги донесоа СДС и ДУИ се причина за слабиот рејтинг на тие две партии.

Надежта, работата, посветеноста и конзистентноста која ВМРО-ДПМНЕ ја претставува е причина за големата доверба од страна на граѓаните.

— реклама —

Ако СДС и ДУИ малку се сомневаат во анкетите, иако длабоко во себе знаат дека на терен стојат уште полошо, тогаш ајде на избори, тие се најпрецизната анкета. Очигледно е дека народот бара промени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања