Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања против обвинителот Абази за случајот „Мазут“, бара оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
islam-abazi-2

Шефот на Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази со полна пареа си одработува за челното место на кое го ставија СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како кадар на Али Ахмети, Зоран Заев, Венко Филипче, Абази ги спасува од одговорност криминалците во редовите на СДС и ДУИ, па така донесе одлука за стопирање на постапката за случајот „Мазут“ за сторен криминал тежок 167 милиони евра.

Повеќе од јасно е дека со ваквата скандалозна одлука, Абази е под лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ментори на неговата професионална кариера во чие време стана шеф на ОЈО ГОКК.

Затоа Абази не виде криминал, којшто цела јавност го виде и слушна, во предметот за набавката на мазут вредна 167 милиони евра за потребите на ТЕЦ Неготино од лицата блиски до ДУИ и СДС, како што се Васко Ковачевски, Ерџан Сулкоски, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски и нивните партнери.

И покрај тоа што стручни истражители од Министерството за внатрешни работи, обезбедиле релевантни докази за оваа коруптивна и криминална набавка, сепак Ислам Абази и неговата соработничка Коларевиќ од ОЈО ГООК, одлучуваат оваа истрага да биде прекината и за тоа кривично никој да не одговара.

— реклама —

Згора на тоа и АД ЕСМ излезе со јавна реакција во која вели дека обвинителството ги искривило исказите и наодите на вештите лица кои немаа надлежност да зборуваат за финансиската штета која е предизвикана на претпријатието.

Тоа што треба да се знае е дека Советот на јавните обвинители, по закон, има обврска да ја следи работата на обвинителите и согласно овие законски надлежности обвинителот Ислам Абази и неговата колешка Коларевиќ, треба да бидат темелно испитани и сослушани.

Заедно со нив, исто така, треба да биде истражена и постапката и начинот на којшто тие одлучуваат да го прекинат овој случај наречен „Мазут“ и обвинетите, уште пред да појдат на суд, да ги амнестираат од каква било одговорност или од какво било обвинение.

— реклама —

Тоа е предмет за кој постојат сериозни индиции и сомнежи за криминал, корупција, перење пари, но и загадување на животната средина и со тоа и труење на граѓаните и македонската јавноста има право да го дознае секој детал за оваа набавка која, веројатно, буџетот го оштетила за 167 милиони евра, а граѓаните ги труеше со мазут кој сериозно го загадувал воздухот.

Во спротивно, ќе испадне дека одредени истражувачки новинари беа поефикасни во истрагата за предметот од обвинителите Ислам Абази и Коларевиќ, на кои тоа им е работа.

— реклама —

Владеење на правото во државата мора да се воспостави, законот мора да важи еднакво за сите и секој кој се огрешил да одговара пред лицето на правдата.

Но, со вакви скандалозни и контроверзни одлуки за прекинување на истрагите, не се воспоставува правна држава, не зајакнува владеењето на правото и не се враќа и така ниската од 2% доверба на граѓаните во правосудството.

Затоа потребно е оставка од Ислам Абази и постапка од Советот на ЈО за него и Коларевиќ како ја донеле одлуката за стопирање на постапката за предмет од голем јавен интерес“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

abazi-boki-13

Боки 13 очи в очи со Абази, ќе му предава „бомби“ кои укажуваат на криминал

Македонија | пред 3 години

Screenshot_13-1

Ексобвинител за шефот на ОЈО-ГОК: Ни на сон човек со таков квалитет нема морално право да раководи со Обвинителство

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања