Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ со остри обвинувања: „СДС се претвори во прокси партија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
zaev-filipce

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон СДСМ и неговото раководство, оценувајќи дека партијата се соочува со сериозен пад поради, како што велат, „антидржавни и поданички политики“.

Во соопштението, од партијата наведуваат дека СДС, кој некогаш бил голема и државотворна партија, денес е сведен на, како што тврдат, „едвај 130 илјади гласа“.

„Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ваквите политики продолжуваат и во опозиција.

„Освен што СДС, кога беше на власт спроведуваа антидржавна политика, сега од опозиција, по насока на Венко Филипче, Зоран Заев и Башановиќ продолжуваат со промовирање на таквата политика“, стои во соопштението.

Според нив, ваквиот пристап ја довел партијата во, како што велат, ќорсокак.

— реклама —

„Благодарение на таквиот сервилен однос кон туѓите интереси на штета на државните, само и само Заев да остане на власт или, пак, сега Филипче да ја задржи претседателската фотелја, СДС ја турнаа во ќорсокак и ја претворија во прокси партија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата тврди дека ваквото делување се случува под влијание на советникот Зоран Башановиќ.

„И сето ова се случува по директни насоки и директиви на куќниот пријател и советник на Заев, Башановиќ“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во соопштението се додава дека, според нив, поданичкиот однос кон соседите и прифаќањето на нивните барања на штета на државните интереси претставува „антидржавна политика“.

„Филипче, Заев ја промовираат ваквата политика преку ПР стратегијата контролирана од нивниот пријател Башановиќ и со тоа ги предаваат и партиските и националните интереси, кои се штетни и за државата и за македонскиот народ“, се наведува.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека рејтингот на СДС и Венко Филипче е на многу ниско ниво.

— реклама —

„Токму затоа и рејтингот на СДС и Венко Филипче, може да се каже дека е на ниво на статистичка грешка кој може да се изброи на прсти“, се додава во реакцијата.

Во заклучокот, партијата посочува дека СДС не извлекол поука од изборните порази.

„По трагично од сето ова е што СДС и Филипче се чудат зошто е тоа така и не извлекле поука од последователните катастрофални изборни порази. Не ги научија лекциите кои народот им ги одржа и продолжија да делуваат антидржавно, а сега и по насока на советникот на Заев, Зоран Башановиќ“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryjs99c1mk31qr8CbFl1A

„Филипче се фали со одлуки на обвинител кој слепо следи партиски насоки што е сосема спротивно од европските стандарди“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library006733a94g0e1RsM7NS

„До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

„СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh4uaeu6peghp68rbgaL

„Наспроти црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања