Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО ДПМНЕ со претставка до Антикорупциската Комисија - Владата молчи тендерот за чистење на улици и патиштата на синот на генералниот секретар на Собранието,

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimsa

Денеска ВМРО-ДПМНЕ и официјално ќе поднесе претставка до Антикорупциската Комисија, причината е тоа што Владата и институциите молчат веќе трет ден. За оној тендер кој што го отвори генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес конференција. Каде што обзнани дека синот на генералниот секретар на Собранието, Зоран Иванов има земено тендер за чистење на улици и патиштата од Источна Македонија под сомнителни околности, истакна Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве веќе поминаа три дена, а тоа е уште еден показател дека Владата молчи, дека нешто крие. Дека најверојатно и сето она, односно сигурно она што го говоревме е точно. И со нивниот молк го потврдуваат. Па затоа имајќи ги сите институции под нивните канџи, под нивните раце се обидуваат овој случај да го прикријат и да го замолчат за да не може да се спроведе една постапка, каде што ќе може да се утврдат околностите под кои што е добиен овој тендер. Каде што фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица каде што како што реков синот на Цветанка Иванова, која што е од редовите на СДСМ и е генерален секретар на Собранието е сопственик и бизнис партнер во друга фирма „Омни градба“ каде што Трајче Заев, првиот братучед на премиерот  исто така има удел во истата фирма „Омни градба“ со Зоран Иванов.

— реклама —

Па така треба да се утврди како е можно син на висок функционер од СДСМ и бизнис партнер во фамилијата Заеви да може го добие овој тендер. Каде што како што знаете најпрвин е под сомнителни околности. Најпрвин го добива тендерот па подоцна ги набавува машините со кои што треба да ја изврши работата која што се бара во тендерот.

И втора работа треба да се утврди од страна на Антикорупциска Комисија дали имала некакво влијание неговата мајка во доделувањето на овој тендер. И дали можеби е извршено влијание од страна на неговите бизнис партнери од фамилијата Заеви?

— реклама —

Поради молкот еве поднесуваме денеска до Антикорупциската и очекуваме брз одговор од нив. Да го истражат во најбрз можен рок случајот. И веднаш потоа доколку се утврди да се понесе одговорност и да бидат санкционирани.

Ова не е прв случај каде што функционерите на СДСМ и фамилијата Заеви да добиваат тендери иако во овој случај е само синот на Цветанка Иванова. Затоа сметаме дека треба да се истражи и треба да се понесе одговорност. Она што е добро е дека ова ќе заврши многу набрзо тоа е на 12-ти април кога ќе си замине оваа Влада предводена од Зоран Заев. И никогаш повеќе нема да имаме премиер кој што на овој начин преку неговите функционери, преку неговото семејство и останатите во Владата ќе на некој начин ги испумпува државните пари, истакна Арсовски.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања