Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО-ДПМНЕ: Со прогресивниот данок ќе се уништи македонската еконoмија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski-1

„Владата со воведување на прогресивниот е на пат да ја уништи македонската еконoмија.

— реклама —

СДСМ го укинува концептот на едноставем рамен данок кој во изминативе 11 години даваше резултати, генерираше раст и отвораше нови работни места, кој се применува во 20 - тина земји од Европа.

СДСМ со воведување на прогресивниот данок оди спротивно на укажувањата на бизнис заедницата. Бизнисот е директно погоден од ова мерка и истото ќе влијае на намалување на платите и намалување на бројот на ново отворени работни места, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според нив, власта со зголемување на даноците директно ја стимулира сивата економија и даночната евазија.

„Некои компании веќе најавуваат повлекување од инвестициски вложувања во Република Македонија. Ќе се засили одливот на мозоци, затоа што ова ќе ги погоди професионалците, оние кои што со својот труд и со својот ум придонесуваат што пазарот ги вреднува нивните квалификации, личности кои ние по секоја цена треба да ги задржиме во Република Македонија, да не отидат во некоја друга земја која што има подобри даночни услови.

Дополнително козметичките промени кои власта ги најавува во пензискиот систем исто така негативно ќе влијаат на отворањето на нови работни места и ќе ја дестимулираат економијата.

СДСМ со своето однесување застана спротивно од волјата на граѓаните. Оваа власт со своите активности оди на директна штета на еконимијата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања