МВР потврди дека уште еден соработник на Оливер Спасовски длабоко навлегол во криминалните води.
Инволвирањето на началникот на СВР Штип во криумчарење на мигранти не е прв случај со кој се докажува тезата дека СДСМ и Спасовски се во коалиција со криминалот и наместо да се грижат за безбедноста и заштита на интересите на граѓаните, тие го штитат криминалот, се вели во реакција од ВМРО ДПМНЕ на демантот на МВР.
Додека во притвор се праќаат луѓе за кои се изготвуваат лажни службени белешки криминалците блиски до Оливер Спасовски слободно се шетаат.
МВР потврди дека осомничениот соработник на Оливер Спасовски наместо во притвор си зел боледување и сега одмара без можност да биде разрешен од функцијата. Впрочем и на интернет страната на министерството, осомничениот Трајковски сеуште фигурира како началник на СВР Штип.

Вистинското прашање е зошто Оливер Спасовски два месеци молчи и го прикрива скандалот со неговиот соработник Љупчо Трајковски? Зошто МВР организира спектакуларни прес конференции на кои презентира возила изгребани од мачки или испраќа соопштенија за полициски службеници кои наводно биле нападнати од „пајак“, а за ваков тежок криминал молчи цели два месеци?
Оливер Спасовски и СДСМ се целосно неспособни да раководат со ресорот внатрешни работи. овие три години ја парализираа полицијата и се ставија во заштита на криминалот. Со криминогени и сомнителни кадри на раководни позиции безбедноста на граѓаните ќе биде се полоша. Затоа, време е Спасовски и СДСМ да си заминат, се вели во реакција од ВМРО ДПМНЕ на демантот на МВР.