ВМРО ДПМНЕ: Со СДСМ на власт следува време кога судски пресуди ќе се носат онака како што му одговараат на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
120190420_222432

Со СДСМ на власт имаме време на криминал, мафија и корупција.  Со СДСМ на власт судиите носат селективни одлуки во корист на власта.   Власта ќе се пресметува со неистомислениците преку судот, ќе нарачува обвиненија, ќе монтира случаи, ќе избира подобни обвинители и судии, ќе си го амнестира криминалот, се вели во реакција од ВМРО ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

— реклама —

Зоран Заев и СДСМ во наредното нивно стерилно соопштение нека одговорат кој одговараше за криминал во државата додека тие се на власт. Тие што треба да одговараат се најблиску во скутот на Зоран Заев.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ која заврши  со смртни последици. Ревизијата е нешто што најмалку може да се спроведе во моментов и да се истера правдата на виделина, а ожалостеното семејство едноставно да добие правда на своја страна.

— реклама —

Ваква нефункционалност и политичка инструираност на судски инстанци и институции не е видена до сега.

Но за жал ова не е прв случај на неправда, има повеќе. Неодамна беше и пресудата за убиството на млад кошаркар и тинејџер во Ново Лисиче од пред извесно време, каде исто така и таму не беше задоволена правдата и јавноста бурно реагираше на истата пресуда.

Оваа Влада на СДСМ е најкорумпираната која единствено носи судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и мафијата на власт, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања