Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, потребна е посебна седница на Советот, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
31038605_1244779412319246_5542685794050768896_n

ВМРО-ДПМНЕ за само една година како локална власт предизвика колапс на градот Скопје и јавните претпријатија, кои се под негова надлежност, вели СДСМ

— реклама —

„Заинтересирани само за бизнис интереси со рацете во медот создадоа хаос во јавното сообраќајно претпријатие и за прв пат во историјата го оставија Скопје без јавен превоз.

По два дена прекин, вработените добија плати, превозот тргна, но без одговор остана прашањето како ЈСП за една година направило долг од милион евра и дали причина за тоа е и набавката на гориво по цена повисока од 5,6 денари по литар од редовата.

— реклама —

Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ предвизика хаос во ЈСП, а ништо подобра не е состојбата ни во други јавни претпријатија на градот Скопје.

— реклама —

Градот стагнира и наздува, прекината е реализацијата нa крупни проекти, ветените проекти и инвестиции никаде ги нема.

СДСМ очекува ВМРО ДПМНЕ кое има мнозинство во Советот на Град Скопје и Трајко Славевски како претседавач, да закаже наменска седница, за разгледување на овие прашања.

— реклама —

Скопјани не заслужуваат неспособна градска власт која мисли само на лични бизнис интереси и дејствува на штета на Градот и граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања