Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО ДПМНЕ: Спасовски да си даде оставка веднаш!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
HM-protest-28112020

Оливер Спасовски да си даде оставка веднаш! Додека Спасовски ажурира членство по куќи Сашо Мијалков му побегна пред очи. Иако институциите знаеле уште од саботата дека постои опасност да бега МВР 24 часа не преземале ништо и чекале да побегне, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата додаваат:

Според информациите кои излегоа во јавноста институциите знаеле уште во саботата во 16 часот дека постои опасност од бегство на Сашо Мијалков, но не преземале ништо. Чекаа да помине цел ден и Мијалков да избега.

— реклама —

Доколку Спасовски знаел дека Мијалков ќе бега, зошто не ги преземал сите неопходни мерки против негово бегство?! Зошто дозволил Мијалков да побегне?!

Со самиот факт што Спасовски знаел за бегството на Мијалков и не преземал ништо говори дека Спасовски свесно го пуштил Мијалков да избега.

Постои основан сомнеж дека има договор Заев - Спасовски - Мијалков за бегството на Мијалков и Спасовски мора веднаш да си даде оставка.

Секој поминат ден на чело на МВР е штетен за државата. Оставка веднаш.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања