ВМРО ДПМНЕ: Спасовски треба да одговара затоа што е пробиена акцијата и што им е овозможено бегство на нарко - босовите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slika-1

Залудно Оливер Спасовски ја лажеше јавноста кога денес се соопшти дека акцијата „Планина“, во која што беше кажано дека е сузбиена огромна нарко - група, всушност се сведува на запленети неколку десетици грама дрога и слобода за главните нарко - босови, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Одговорот кој и зошто ги пуштил да се спасат главните нарко-босови може да се најде и на фотографиите каде се гледаат луѓето од власта, вклучително и првиот полицаец Оливер Спасовски, во нивно друштво.

Спасовски треба да одговара затоа што е пробиена акцијата и што им е овозможено бегство на нарко - босовите. Во ваквиот мафијашки синџир неизоставен дел е и партиската обвинителка на Зоран Заев, Вилма Рускоска, која исто како и МВР на Спасовски вчера се фалеше дека е разбиена нарко - група, за да денеска ретерира и ја соопшти вистината. Луѓето од власта се способни само за криминал.

Поминува петта година како ниту еден сериозен криминалец не е уаспен, ниту пак е тргнат од улиците во државата. Да не се чуди владата зошто сите меѓународни институции ја вбројуваат оваа влада за најкриминална во Европа - тоа е така, затоа што мафија владее со државата.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања