„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО ДПМНЕ: Според кој критериум е дадено половина милион евра само на Општина Арачиново за справување со Ковид-19 кризата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
evra

Одлуката на Владата на Заев за доделување на половина милион евра на општина Арачиново е крајно скандалозна и нетранспарентна. Објаснувањето дека се работи за еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид-19 кризата е уште посомнителна. Во Република Македонија има многу посериозни жаришта од епидемијата со далеку поголеми потреби од финансиска помош, а Владата на Заев се решила да ја помага само општина Арачиново, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото од ВМРО ДПМНЕ додаваат:

Кој е критериумот според кој токму општина Арачиново е одбрана за еднократна помош од половина милион евра?

— реклама —

Патем општината Арачиново ја треселе скандали со нетранспарентно трошење на народни пари, па логично се поставува прашањето дали има конкретен план за трошење на овие половина милион евра или се дадени заради ќеф на Заев?

Зошто Владата не определила ваква помош за општина Вевчани, општина Теарце, општина Тетово, општина Сарај, општина Шуто Оризари или општините Кисела Вода, Центар, Бутел и слични кои имаат огромен број активни случаи, туку тоа го прави баш со општина Арачиново?

За потсетување, со овие половина милион евра може да се набават илјадници ковид тестови, или десетици амбулантни возила, па дури и неколку монтажни болници кои се насушно потребни за справување со ковид епидемијата, наместо без јасна цел и јасни критериуми да се дадат на една општина, која за среќа, според извештаите на здравствените власти не е критична точка.

Дали ова е некаков вид матна компензација или концесија на Заев која сега на ваков начин ја исплаќа?

Јавноста мора да знае каде Заев ги троши народните пари. Буџетот не служи за поткусурување на неговите политички и бизнис интереси,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања