Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Стево Пендаровски е слуга на Зоран Заев и следбеник на антидржавните и криминални политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Стево Пендаровски е слуга на Зоран Заев и следбеник на антидржавните и криминални политики на картелот, без право на збор секогаш кога неговиот господар Заев е со него. Стево Пендаровски 102,5% се идентификува со неговиот господар Заев кој го избрал за да го продолжи и аминува ограбувањето на граѓаните и распродавањето на националните интереси, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Пендаровски тврди дека не е продукт на договор помеѓу неколку лидери кои одлучиле тој да биде кандидат. Пендаровски лаже како Заев. Токму Зоран Заев и лидерот на ДУИ, кого го обвинуваше за криминал, одлучија со политички договор зад затворени врати тој да биде кандидат. Пендаровски лаже како Заев.

— реклама —

Пендаровски пред две години исто како Заев тврдеше дека ќе се намали младинската невработеност и ќе се подобри стандардот на младите. Младинската невработеност не е намалена. Младите се повеќе се иселуваат. Пендаровски лаже како Заев, тие се 102.5% исти.

Заев ветуваше просечна плата од 500 евра. Просечната плата е далеку од 500 евра и после две години откако тој ја презема власта. Пендаровски и Заев се исти. Заев лаже и Пендаровски лаже.

— реклама —

Граѓаните секојдневно се соочуваат со последиците од погрешните политики во економијата на СДСМ. Нема нови работни места. Нема подобар стандард. Граѓаните почнаа да гледаат единствена опција во иселувањето.

— реклама —

Според податоците на германската амбасада, истата издава скоро 20.000 работни визи годишно, тоа се пред се млади луѓе, од кои голем дел и трајно се иселуваат.

Заев излажа кога кажа дека ќе ги врати младите. Иселувањето не само што не е запрено, туку е и забрзано. Заев излажа. Заев и Пендаровски се 102.5% исти во лажењето.

— реклама —

Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Државата мора да тргне напред. Гласот за Гордана Силјановска Давкова е глас против лошите политики на власт. Глас за право и правдина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања