Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Стево Пендаровски губи, па затоа мора и да измислува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Стево Пендаровски губи, тој знае дека не ја ужива довербата на граѓаните, па се труди да зборува за се само не за вистинските проблеми на граѓаните. Власта молчи два дена откако Стево Пендаровски излезе и кажа дека е следен од странси служби. Никој од МВР не кажува дали Пендаровски е следен и од кого и дали истиот со измислување лаги не создава алиби за претстојниот изборен пораз, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Пендаровски знае дека нема поддршка од граѓаните, па затоа мора и да измислува. Пендаровски знае дека е жртвено јагне на Заев, па не бира методи за да се бламира себе си како целиот циркус да биде поавтентичен.

Спасовски нема контрола над ситуацијата, а жртви поради тоа се сите граѓани. Спасовски треба веднаш да излезе и да каже, дали Пендаровски е следен и од кого, во спротивно ќе се потврди дека тој лаже само да го оправда претстојниот пораз.

— реклама —

Пендаровски и неговиот ментор, Зоран Заев ќе изгубат на претседателските избори. Граѓаните ќе го поразат СДСМ и ќе го дадат својот глас за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде и причина за распишување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе го испратат СДСМ во историјата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања