Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови, антикорупцискиот тим на СДС да истражи од каде им се парите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека постојат директни сведоштва кои укажуваат на голема инвестиција на поранешниот премиер Зоран Заев во Дубаи, каде, според нив, тој гради висококатница од над 40 ката.

Од партијата наведуваат дека сведок на оваа инвестиција е Томе Аврамски, познаник и поранешен соработник на Заев, кој јавно изјавил дека лично бил во Дубаи и ја видел изградбата на зградата. Според неговото сведоштво, во Дубаи, покрај Заев, присутен бил и поранешниот министер за здравство, а сега лидер на СДСМ, Венко Филипче, со кого, како што тврди, Заев е бизнис партнер.

Аврамски во медиумско излагање изјавил дека и Заев и Филипче поседуваат станови во Дубаи и дека лично бил во зградата каде што тие купиле недвижности. Тој наведува дека станува збор за инвестиции вредни милиони евра.

— реклама —

„Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 ката. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“, изјавил Аврамски.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ова, како што велат, е доказ дека таканаречените „златни визи“ на Заев и Филипче се добиени врз основа на инвестиции во недвижности, што според нив претставува скандал од големи размери, додека СДСМ во Македонија зборува за чесност, морал и грижа за граѓаните.

— реклама —

Партијата најавува дека случајот ќе го пријави до антикорупцискиот тим на СДСМ и очекува истиот да биде процесуиран и истражен. Воедно, бара јавно објаснување дали е точно дека, додека државата била, како што наведуваат, опустошена, Заев инвестирал во изградба на 40-катница во Дубаи и од каде потекнуваат средствата за таа инвестиција.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ дополнително прашува дали станува збор за средства од, како што велат, криминални тендери во РЕК Битола и дали во целиот случај е вмешан братот на Зоран Заев, Вице Заев, како и неговата можна поврзаност со Енис Колашинац.

„Очекуваме сите сомнежи да бидат расчистени и јавноста да биде целосно информирана, затоа што вистината секогаш излегува на виделина, а правда мора да има“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања