Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО-ДПМНЕ: Стратешката инвестиција на Ковачевски и екипата за фабрика за електрични автомобили пукна како балон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
vmro-1

„Димитар Ковачевски, Јован Деспотовски, Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими и речиси цела влада беа наредени со лопати во рака во август месец 2022 година во Тетово и на фанфари најавуваа стратешка инвестиција- фабрика за електрични автомобили. Две години потоа, силно најавуваната инвестиција со 900 високо платени работни места издиша како балон. Официјално пропадна проектот на Некст.Е.Го Мобиле која има партнер во Македонија, а тоа е фирмата „Еколог“, чиј менаџмент јавноста го смета за близок до ДУИ.

— реклама —

Најавуваа почеток на градба на фабриката во рок од 6 до 8 недели, а производството требаше да почне оваа година со 30.000 автомобили на годишно ниво. Па зборуваа за ефект на снежна топка кој требало да донесе други инвеститори. Не 8 туку 80 недели поминаа, а фабриката никаде ја немаше. Истите што фрлаа лопати и се фалеа, почнаа невешто да се вадат дека се спојуваат парцели, па урбанистички планови, па катастарски лавиринти, за на крај сега да стане јасно дека ја лажеле јавноста. Оваа власт е неспособна да привлече инвеститори, ама тоа наместо да го признаат, се обидуваат да го прикријат со вакви потемкини села. Државата дури и се обврза да ги помогне со народни пари, а според информациите во јавноста во извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата било нотирано одобрување на државна помош од 42.585.856 милиони евра.

— реклама —
— реклама —

Ај што нема ни инвестиција, ни бутур, ај што потрошија пари за помпезна прослава за фрлање лопати во една дупка, туку барем оваа одобрена државна помош барем да не ја изело помрачина. Премногу лажеше оваа власт на ДУИ и СДС за овој случај за да им се верува на „чесен збор“. Впрочем Власта треба да одговори зошто на толкаво одложување пред само два месеци, на пет дена пред Новата 2024 година Владата на ДУИ и СДС дала согласност Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони да потпише анекс кон договорот за доделување државна помош склучен со инвеститорот „Некст.е.ГО мобиле“ во август 2022 година? Кога веќе цели две години нема ништо друго освен едната дупка на ливадата близу Тетово, зошто бил склучуван овој анекс?

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ не е финансиска полиција ниту било која друга надлежна институција која треба да испитува сомнежи за криминал. Ако СДС како партија прават и правеле увиди во документи и експресно судат врз основа на методи на преки суд, тогаш тоа говори за нивното познавање на правната држава и владеењето на правото. Ние ги повикуваме органите на државата детално и суштински да се позанимаваат со овој случај, а не само површно, и да проверат дали и колку е оштетена Македонија од оваа „голема инвестиција“ која пукна како меур од сапуница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата во Македонија е најниска во регионот меѓу земјите со објавени податоци

Македонија | пред 9 часа

media-library2usa516otu319IXcNE8

Единствената коалиција што функционира е СДС, Левица и ДУИ против Изборниот законик, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 часа

media-librarykflvct7qbpcp9BfLynD

Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Македонија | пред 1 ден

media-libraryr5ei96jn3qoc1LENMyH

Стојаноски: Македонија има најниска инфлација во регионот, мерките на Владата даваат резултати

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања