Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
120190420_222336

Истрагата за најголемата криминална афера во модерната македонска историја е компромитирана! Сите индиции велат дека во криминалниот октопод се вмешани лица од највисоките ешалони на извршната и судската власт, кои во изминатиот месец имаа доволно време на располагање да влијаат на истрагата и сведоците во случајот „Рекет“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Очигледно е дека Русковска работи на тоа аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда да бидат амнестирани. Русковска изминатиот месец стори се за главата на криминалниот октопод, Зоран Заев да биде ослободен од вина за милионскиот рекет.

— реклама —

Заев знае дека е виновен, знае дека времето на неговото криминално владеење е завршено и токму поради тоа е во паника. Тој напаѓа новинари и јавно ги навредува неговите довчерашни најблиски соработници, а цело ова време Русковска и Јовевски чекаат негова команда, кој следен чекор да го преземат.

— реклама —

Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта и да постапат согласно нивната законска обврска. Судот и обвинителството наместо да го штитат мора да започнат да го гонат криминалот, во спротивно стануваат соучесници во криминалот и еден ден и самите ќе одговараат за тоа што го сториле.

— реклама —

Македонија веќе трета година е заложник на аболицираниот криминалец, Зоран Заев и неговата криминална банда. Македонските граѓаните веќе трета година се жртви на криминалниот тоталитарен режим на чело со Заев. Се ближи крајот на криминалната банда, секој еден кој се огрешил пред законот  ќе одговара. Како што Заев милува да каже, најтешката казна во Македонија е затворот, кој сторил криминал ќе си го одлежи своето. Зоране време е ти да си одлежиш своето, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања