Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО ДПМНЕ: Светската банка и даде црвен картон на владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Svetska-Banka-1068x724

Светската банка и даде црвен картон на владата. Според најновата прогноза на Светска банка растот на економијата во наредните две години ќе биде под регионалниот просек. Во ситуација кога Светска банка прогнозира раст на регионалните економии со околу 4% и над тоа, македонската економија ќе има раст со нешто над 3%. Зоран Заев од опозиција ветуваше од 5% до 7% раст, а три години како е на власт, а не сме ни блиску, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Со ова темпо на раст економијата премногу бавно се движи и не може да го стигне ниту балканскиот , а не пак европскиот просек. Економијата тоне затоа што власта презема погубни политики. Покачените даноци, зголемувањето на акцизата, воведувањето на нови давачки се причина земјата се повеќе инвеститори да ја заобиколуваат.

— реклама —

И додека инвеститорите не доаѓаат, граѓаните бегаат. Според податоците на Светска банка над 500.000 граѓани ја напуштиле земјата.

— реклама —

Доволно е само да се тргнат розевите очила на СДСМ и ќе видиме како од Делчево во само еден ден си заминаа 1000 луѓе. Луѓе заминуваат и од Липково и од Тетово и од Сарај. Македонија се празни.

— реклама —

Реалноста која ја креираше СДСМ е сурова. Граѓаните живеат без надеж и можност за подобра иднина. СДСМ нема легитимитет да ја управува државата. СДСМ мора да си замине, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања