Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Светскиот ден на лагата 1 ви април му го чститаме на најголемиот лажго на денешницата - Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
slika-2

Се наоѓаме пред седиштето на СДСМ - Палатата на лагата. Овде сме да му го честитаме 1 април, светскиот ден на лагата, на најголемиот лажго на денешницата - Зоран Заев. Тој е политичарот кој се колнеше во дедовината, кој велеше дека додека дише нема да го смени уставното име на државата, молеше да не му се чепка жицата кога станува збор за Македонија, за само по неколку месеци без око да му трепне спротивно на волјата на граѓаните да го промени уставното име, истакна Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој вети дека граѓаните ќе имаат 500 евра просечна плата и излажа.

Вети 600 километри нови автопатишта, излажа. Заев вети 100.000 денари плата за лекарите и излажа. Вети поврат на 15% ДДВ, излажа. Зоран Заев вети бесплатно болничко лекување за сите, излажа.

— реклама —

Зоран Заев вети изградба на студентски град во првите шест месеци од нивниот мандат и излажа.

Тој вети подобрување на стандардот кај младите. Младинската невработеност во Македонија со над 50% е највисока во регионот.

Зоран Заев вети намалување на сиромаштијата, а СДСМ преку соопштение призна дека бројот на граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија од 400.000 во времето на ВМРО-ДПМНЕ е порасна на 500.000, откако е СДСМ на власт.

Листата на лаги е преголема за може да се собере на еден лист хартија. Токму затоа по повод најмногу искажани лаги за период од две години му доделуваме на Зоран Заев пехар за најголем лажго, истакна Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања