Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски и Заев за две години долгот го зголемија за над половина милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Zaev-Tevdovski

Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Тевдовски и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за  над половина милијарди евра.

Тевдовски и Заев не направија ништо. Нивото на  капитални инвестиции во 2018 година беше на најниско историско ниво, истото е случај и оваа година. Имено во првиот месец од годинава реализирани се само 1% од годишно предвидените.

— реклама —

Финансиската политика е очајна, тоа го знаат и Тевдовски и Заев, а го знаат и граѓаните. 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија.

Граѓаните се се посиромашни. СДСМ и Зоран Заев  мора да си одат. Победата на претседателските избори на  Гордана Силјановска Давкова ќе  биде причина за распишување на предвремени  парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања