Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека со амандмани го заштитила линеарниот раст на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryfspt0dbek65keLkwe6h

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, обвини дека во јануари 2024 година тогашната влада на СДСМ и ДУИ поднела пакет законски измени со кои, како што рече, суштински се менувала методологијата за пресметка на платите во јавниот сектор.

— реклама —

Стојаноски тврди дека со предложените измени минималната плата требало да биде исфрлена од формулата за пресметка на платите на административните службеници, иако, според него, тоа било дел од колективниот договор потпишан меѓу владата и Сојуз на синдикатите на Македонија. Тој оцени дека таквиот пристап би значел прекин на линеарниот раст на платите и слабеење на заштитниот механизам за работниците, бидејќи секое идно зголемување на минималната плата немало автоматски да се одразува врз останатите примања во јавниот сектор.

— реклама —

Според него, дел од измените не биле објавени на ЕНЕР и немало суштинска јавна расправа ниту вистински социјален дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет. Стојаноски наведе дека тогашното раководство на ССМ дошло во Собранието и дека, заедно со тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ, биле поднесени над 40 амандмани со кои, како што тврди, било спречено донесувањето на предложеното решение.

Тој посочи дека еден од клучните амандмани бил предлог минималната плата да остане дел од формулата за пресметка, со што би се овозможило линеарно зголемување и на другите плати. „Токму затоа денес платите растат секогаш кога расте минималната плата. Тоа е факт“, изјави Стојаноски.

— реклама —

Пратеникот постави прашање зошто, како што рече, се премолчува случувањето од 2024 година и зошто актуелното синдикално раководство не го споменува заедничкото дејствување во Собранието. Според него, разликата меѓу тогашната и сегашната состојба е во тоа што, како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ спречувала штетни решенија, а како власт обезбедува системски раст на платите.

„Работниците заслужуваат стабилност, предвидливост и целосна вистина, а не селективна меморија и дневнополитички интерпретации“, порача Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6quetih0ajie91knYD

Две минимални плати не ја покриваат ниту владината кошница, ССМ бара повисоки плати

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pari-1

Македонската плата расте, но европскиот стандард останува далеку

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymde6bdqj4fco6MAD3du

Македонската просечна плата 789 евра: Каква е во споредба со регионот?

Македонија | пред 2 седмици

plta-333

Минималната плата во Македонија меѓу најбрзо растечките во Европа, покажуваат податоците на Евростат

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања