Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

Второ сведочење во кое што Зоран Заев е директно споменат како глава на политичко-обвинителско-медиумскиот октопод.  Втор пат јасно се гледа поврзаноста на Зоран Заев со Боки 13 и нивната координираност во собирањето рекет.  Втор пат по ред се потврдува дека Зоран Заев бил во тек со се, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска која се очекува пак да негира дека бил споменат и да ги прикрива теагите што водат кон него.

— реклама —

Зоран Заев од ден во ден се повеќе тоне. Во Република Македонија единствено блескаат криминалот, рекетот и изневерените очекувања. Власта наместо да се бори против криминалот, го штити. 4 месеци се развлекува истрагата за случајот Рекет. ЈО ги затвори само директните извршители, а за главата на октоподот се уште нема ни истрага. Додека криминалот царува. Граѓаните гладуваат.Земјоделците плачат и немаат каде да го продадат произведеното. Нема ниту откуп, ниту субвенции.

— реклама —

Бизнисмените се рекетирани. Работниците се измачувани.

— реклама —

Нема развој. Имаме само стагнација. За 7 месеци од годината немаме ниту 1/4 од годишно планираните капитални инвестиции реализирано. Нема нови проекти. Нема напредок. Буквално целата држава е по јаремот на власта. Времето на оваа власт проаѓа. Одговорност за недомаќинското работење и стагнацијата ќе има. Предвремени избори веднаш, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања