ВМРО ДПМНЕ: Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат, со Заев секој суд стана како пљачката СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sudija

Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат. Додека во земјава народот се вори за живот тие немаат право да си ги покачат парите. Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации а уставните судии спротивно на закон си изгласале покачување на платите за себе. На земјава со водство на Заев не и треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

Дополнително Уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Гласањето на додаток на плата е незаконски.

— реклама —

Секое покачување на плата или измени во тој дел треба да помине во Собрание, се друго е кршење на законите.

Дали со ваквите додатоци на плата треба да и се угоди на Кацарска која СДСМ сака да ја избере за Уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?!

Бараме веднаш да се укине ваквата одлука, и Министерството за финансии да не постапува по истата при исплата на платите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања