ВМРО ДПМНЕ: Уште еден пораз за Филипче, медицинскиот персонал почна да си дава откази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sestri12

Додека министерот за здравство, Венко Филипче ја убедува јавноста дека се е под контрола три сестри од Клиниката за инфективни болести си дадоа откази. Клучната Клиника во борбата против КОВИД-19 останува без персонал, и тоа персонал кој е незаменлив. Отказите на медицинските сестри се голем пораз за Филипче, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Отказите на медицинските сестри се доказ дека здравствениот систем не функционира онака како што убедува Филипче.

Отказите на медицинските сестри се доказ дека кажувањата на Филипче дека се е под контрола во борбата против корона вирусот се лага.

— реклама —

Лагите на Филипче дека Македонија добро се справува со борбата против корона вирусот излегуваат на виделина. Дека лаже Филипче му докажува медицинскиот персонал.

Отказите кои си ги поднесоа три сестри од клучната Клиника за  борба против КОВИД – 19 или Клиниката за инфективни болести се пораз за Филипче.

Македонија и онака останува без медицински персонал. Секоја здравствена установа е десеткувана, без доволно медицински кадар.

Што треба да се случи за Филипче да се фати за работа, да ја извршува функцијата министер за здравство и да се грижи за здравствениот систем и како граѓаните да добијат навремени и соодветни услови за лекување, наместо да се грижи за парцели и градење куќи и згради, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања