Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„1.8 милиони евра ќе завршат во џебот на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, за преадаптирање на СЦ Борис Трајковски за Самитот на шефови на држави на земји членки на ОБСЕ. МНР и Бујар Османи даваат тендер на фирмата Еуровиа ДООЕЛ која притоа е и најголемиот донатор на ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —


„Истата фирма која има земено 2 милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза“. А вистинска експанзија на добиени тендери од државни институции доживува од 2017-та година откако СДС и ДУИ се на власт.

— реклама —


МНР дава 1.8 милиони евра за столчиња и опрема, а притоа никој не знае каде ќе заврши таа опрема откако ќе заврши Самитот на шефови на земјите членки на ОБСЕ.


ДУИзација и се случува на Македонија. ДУИ се грижи за внуците на бившите и сегашните функционери

— реклама —

Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух? Постои сериозен сомнеж за криминал. Фирмата дава донација за ДУИ, а МНР и Османи им даваат тендер.


ЈО веднаш да отвори истрага дали тендерот кој го дава МНР во вредност од 1.8 милиони евра е даден како знак на благодарност за донацијата која ја дала

— реклама —

Еуровиа ДООЕЛ на ДУИ? И дали парите од тендерот на МНР се всушност враќање на донацијата, а тоа значи дека ДУИ финансира од државни пари? Многу набрзо следува одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања