ВМРО ДПМНЕ утре ќе одржи протест против реваншизмот и теророт врз граѓаните и политичките неистомисленици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
slika

Македонија е заробена држава од страна на мафијата на власт. Главна одлика на власта се реваншизмот и теророт врз сите граѓани, нивни неистомисленици. Оваа ненародна власт зема од лебот на народот, за да стави во сопствениот џеб, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Стотици луѓе низ цела држава, кои не се истомисленици со Зоран Заев и неговите луѓе се тероризираат и се преместуваат на работни и по повеќе од 50 километри од нивното место на живеење. Оние кои не можат да ги скршат ги бркаат од работа, и оставаат цели семејства со 3 и 4 деца без леб.

Тоталитаризмот на оваа власт го зема својот данок. СДСМ нема проблем да отпушти самохрана мајка од работа, а уште помалку да врши мобинг на работно место.

— реклама —

Додека народот нема опција за преживување, тие купуваат луксузни вили на Халкидики.

За Заев школки, за народот трошки – Ова е суровата реалност со СДСМ и Заев.

Заради целиот терор и реваншизам, за секој избркан од работа, за секое семејство оставено без леб. Утре на протест, со почеток од 18.30 часот пред министерството за правда, од каде ќе започне протестниот марш до министерството за информатичко општество и администрација. На протест против реваншижмот и теророт.

Изживувањето, отпуштањето и аздисаноста мора да запре, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања